Продолжува праксата на палење на автомобили во Штип. Рано наутро околу 4 часот, на булевар ЈНА во штипската населба 8-ми ноември, запалено е возило „фолксваген тигуан“ со германска национална ознака, сопсвеност на 35 годишен штипјанец.

Од пожарот биле зафатени и патничките возила „опел инсигниа“ и „тојота јарис“ и двете со штипски регистарски таблички. Благодарение на брзата интервензија на против пожарната единица запалените автомобили за кратко време се изгасени.

Пред не полн месец беше опожарено возилото во сопственост на началникот на СВР- Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.