Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп на пат за Битола. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радилог и гинкологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар во болницата, сите од Прилеп, дознава „Апла.мк“.
Според информациите од СВР Биотла утрово во 07.51 часот било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола.
Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.
Како што соопштуваат дел од медиумите, до судирот дошло бидејќи камионот се движел во обратен правец, кон Прилеп, но тоа ќе се утврдува после увидот кој на лице место го вршат јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.
На социјалните мрежи е споделено и видео од епилогот на несреќата:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.