Загина тракторист во кавадаречко, информира Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

– Вчера  во 14.00 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон село Ресава, во месноста викана “Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит“. Притоа изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел. На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, соопшти Ангеловски.

 Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.