Малолетно девојче починало на пат кон болница, по удар од автомобил на улицата „Метохиска“.

Како што објави МВР, несреќата се случила на 30 јуни.

На 30 јуни, во Скопје на улицата „Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала“, велат од полицијата.

Од страна на лекар од болницата „Систина“ била констатирана смрт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.