Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.