Ноќва во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар.

Како што известува СВР Тетово, рој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.