Секторот за внатрешни работи Скопје, во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изрекол вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Како што информираат од МВР, изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Од МВР велат дека со сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.