Во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, заклучно со денеска на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и со соодветни поднесоци санкционирани се 332 поединци-возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и без возачка дозвола.

Поголемиот број од санкционираните биле регистрирани во текот на минатиот месец.

Претежно станува збор за возачи на возраст од 17 до 40 години, кои без возачки дозволи управувале сопствени или возила на други лица, најчесто од нивни најблиски или роднини. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел посебно до младите, но и сите други, да не седнуваат зад волан без положен испит и да ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Зашто, нивната необученост и неискуство можат да бидат причина за несакани сообраќајни проблеми, неретко и со најсериозни последици, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сите веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, така што ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, а парични глоби во тој износ ги очекуваат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат положено возачки испит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.