Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 22.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на населба Илинден.

При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 10 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.