Вистинска драма се случуваше вчера попладне во демихисарско, каде беа нападнати неколку полоциски службеници од кои еден беше прободен, а двајца беа прегазени.

Вчера во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман. Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Целиот инцидент беше снимен од случајните минувачи, кои беа во паника зошто беше употребено и огнено оружје:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.