28-годишна девојка вработена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е уапсена вчера попладне откако била фатена со лекови кои ги украла од своето работно место. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека А.О. била уапсена вчера во 13.30 часот, откако во нејзиното возило марка „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени лекови во вид на ампули.
Лековите и биле доверени на уапсената согласно нејзиното работно место и била задолжена за нив.
„Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката. Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Уапсената се товари за кривично дело „послужување“, за кое е предвидена парична казна или затвор до една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.