ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.

„Тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели“, велат од МВР.

По предметот ќе треба да постапува обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.