Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар. Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите. Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.