Вчера  во 17.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на превој Пресека, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото А.Г.(55), а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Ѓ.К.(50), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.