Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(41) и Д.С.(47) двајцата од Кичево, како и против правно лице од Кичево, сопственост на Д.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 09.11.2021 во 21.50 часот, на магистралниот пат во с.Трапчин дол oд страна на полициски службеници од НККР Кичево при вршење контрола на превоз на лица од страна на такси превозници, било затекнато такси возило „рено меган“, управувано од Ф.М., како врши јавен превоз на патници – такси служба, сопственост на правно лице од Кичево, при што било констатирано дека не поседувал извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возилото – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.