Возачот кој прегази велосипедист, а потоа избега од местото на несреќата, самиот се пријави во полиција.

Како што соопштија од СВР Тетово, вчера во 13.25 часот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово се пријавил А.К.(30) од тетовски Порој, кој бил со патничко возило „бмв х5“ со швајцарски национални ознаки со кое учествувал во сообраќајна несреќа со велосипед, која била пријавена во СВР Тетово на 22.07.2024, а во која велосипедистот им подлегнал на повредите во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење. Известен е јавен обвинител и ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.