Вчера во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.