Во Велес вчера во 15.50 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.П.(37) од Република Србија, со престој во Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм, соопштија денеска од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.