Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 10:10 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот И.И.(46).

Како што соопшти МВР, за него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.