Оштетена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“.  Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

фото охрид њуз

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот-објасни Димоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.