Вчеравечер во 20,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.