Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 22:00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода 25-годишниот А.А. од тетовско Јеловјане, затоа што при негов и преглед на возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.