Вчера во 09.30 часот Во СВР Скопје, вчера утрото било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен ксара“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.О.(55) од Кочани и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.К. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.