Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на Д.А., О.Р. од с.Чегране и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи.

Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија.

Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.