Во скопското село Грчец, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го уапсиле С.О.(20) од село Грчец, во чиј дом при претрес извршен по претходно добиена судска наредба од Основен Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени кеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.