Две лица се тешко повредени во две одделни несреќи вчера во Тетово.

Прво пред 11 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф “ со тетовски регистарски ознаки што го управувал 65-годишниот Р.А. од тетовско Ѓермо удрило во пешакот М.А.(82) од Тетово.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Вечерта, пак, во 23 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.Љ.(26) од Тетово, удрило во 61-годишниот пешак А.У, исто така, од Тетово.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување налекарска помош.

И на местото на оваа несреќа увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.