Милка Чалова, семејна жена од Демир Капија, без сериозни здравствени проблеми, веќе седум дена е исчезната од својот дом.
Таа е на возраст од 75 години, живеела заедно со синот, снаата и внучињата. Како што раскажува нејзиниот син Младен за „Фокус”, мајка му функционирала без проблеми, се грижела за домот, имала пријателки со кои често се гледала, одела и во берба на ореви. Никогаш не се случило да замине од дома без да им каже на блиските каде оди.
Веќе шест дена постојано ја барам со пријатели. Не сме седнати. Случајот го пријавивме во полиција на 24 јануари, кај 23 часот. Тој ден таа се однесуваше како и секогаш, се напила кафе со мојата сопруга, и излегла од дома кај 16 часот. Тоа го видовме на камерите на соседот. Самиот проверував камери насекаде, последен пат е забележана кај бензинската станица „Макпетрол“. Облечена е во сив џемпер, црни пантолони, плави чизми и ташна. Се движи со помош на штака, рече вчера вознемирениот син.
Повеќе на „Фокус“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.