Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот К.С., во својство на службено лице, вработен во Подрачно одделение за матично работење – Скопје при Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 04.11.2021, без примено писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање Извод, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.