Последните неколку месеци низ училиштата во Штип регистрирани се два класични случаи на врсничко насилство, но се случиле надвор од училиштата. Снежана Санева раководител на Секторот за образование во Општина Штип вели дека едниот е пријавен кај нив, а вториот не е пријавен, но училиштето има преземено мерки.

Да истакнеме дека се работеше за случаи, кои се случија надвор од просториите на училиштат. За жал децата изразувале нетрпеливост и го искористиле моментот на превоз до училиштето, односно во автобусот, а исто така и надвор од школскиот двор. Но, како и да е целта е да се делува што порано, со цел да не ескалираат ваквите ситуации. Разговаравме со родители и со децата, со цел да не се повтори, вели Санева.

Таа се надева дека случаите ќе завршат со меѓусебно разбирање и нема да завршат во суд.

Општина Штип, Полициската станица-Штип и Невладината „ЕХО“ од денеска низ штипските усчилиштаа почнаа со едукативни предавања на тема врсничко насилство или познат како булинг.

Матеја Богдан од НВО „ЕХО“-Штип, вели дека според нивните истражувања предничи сајбер булингот и психичкото врсничко насилство. Посочи дека целта на едукативните предавања е младите да ги поттикнат да размислуваат на оваа сензитивна тема, бидејќи не знаат да прават разлика и немаат граница меѓу игра и насилство, едноставно, какошто вели не знаат да другаруваат.

Можеме да кажеме дека булингот е интензивен последните години, а ковидот можеби влијаеше да се зголеми сајбер булингот, бидејќи ги потикна младите повеќе време да поминуваат на социјалните мрежи со зад скриени намери да влијаат лошо врз другите. Моментално сајбер булингот е оној, кој е најмногу застапен и за кого сакаме најмногу да интервинираме , бидејќи многу се игнорира и не може да се препознае на почеток и да се реагира, вели Богдан.

Едукативните предавања почнаа од најголемото штипско основно училиште ООУ „Ванчо Прќе“-Штип. Психологот, Вилма Ничева вели дека свртуваат големо внимание на оваа тема, а наставниот кадар постојано оди и на обуки и имаат едукативни предавања. Прашана дали по пандемијата е зголемено врсничкото насилство, Ничева со одговор дека е малку зголемено во нивното училиште.

Баже Милев од Полициската станица во Штип истакна дека превентивните едукации имаат резултат кај младите, а заедно со невладината „ЕХО“ и Општина Штип во наредните денови ќе ги посетат сите основни училишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.