Вчера во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Л.(22) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.З.(50) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.З. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле возачот М.Л. и уште еден сопатник од возилото „сеат ибица“, Л.Г.(22) од Скопје констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.