На 09.09.2023 во 13.40 часот во Скопје на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Нешто подоцна, односно на 09.09.2023 во 16.25 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.09.2023, пак, во 02.40 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.