Ноќва околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, 16-годишник од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата возачот и 16 – годишната сопатничка од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што на возачот му биле констатирани телесни повреди, а на сопатничката и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.