Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје!, истакна на денешнат прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ?
МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали и дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот – директор на БЈБ? И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема френквентност од луѓе?
Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?
МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ?
МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, нивни началници партиски војници се фаќани како учествуваат во нелегална трговија и транспорт на дрога, нивни партиски пулени во полициска униформа влегуваат во престрелки со полиција при шверц на акцизни стоки, МВР на СДСМ/ДУИ е во сите светски извештаи како извор на пасоши за белосветски криминалци.
Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива. Премногу е!, рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.