Спорниот вештак Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци по третпат не се појави во суд.

Поднел еден куп медицинска документација до Судот дека мора да оди испитувања оти имал покачен притисок од 160 со 110.

Неговото недоаѓање предизвика реакции во судницата која е полна со роднини на загинатите во несреќата што се случи пред четири години.

Јас го видов вчера пред „Мавровка“, рече еден од присутните, пренесува „Фокус“ од судницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.