Три лица се повредени во две одделни сообраќајќи кои се случиле во текот на вчерашниот ден.

Околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Стари Град – село Богомила, Велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци излетало од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М.(79) од с.Мартолци, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Вечервта во 20 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – крстосница со магистрален пат А4, патничко возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Радовиш излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(18) од Радовиш, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.