Нејасно ни беше зошто мајката на Вања веднаш пријави дека е исчезната, а не да проверат да не е некаде отидена, но потоа класната на девојчето објасни дека пракса била ако ученичката не дојде на настава веднаш да бидат известени родителите, објасни сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Од денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче (фото: Република)

Колегата ми напомена оти му било чудно дека кога го барале девојчето, таткото Александар воопшто не излегувал од возилото и цело време повторувал дека таа е киднапирала, се присети Димовски.

Инспекторот објасни дека од родителите дознале Вања имала виртуелен дечко од Шведска, со кого комуницирала на англиски јазик. Кога влегле на неговиот профил таму имало знамиња на ИСИС. За полцијата тоа значело дополнителна проверка.

На неговиот профил имаше знамиња на ИСИС, па проверивме дали лицето влегло или излегло на граница, но немаше такво нешто, откри началникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.