СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(57) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’.

На 2005 во с. Боговиње, пријавениот во својство на инвеститор, изградил викенд куќа и ја легализирал, додека во текот на 2017 година извршил узурпација на државно земјиште кое го користи како двор со површина од 173 м².

Од страна на службата преземени се мерки и активности, односно од страна на увидна екипа при СВР Тетово, извршен бил увид на местото на настанот и било потврдено дека наведеното место е во државна сопственост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.