Сообраќајот на патот Св.Николе – Куманово утрово од 5 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Сообраќајот останатите патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.