На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 250 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР – Скопје. Од нив 149 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за управување под дејство на алкохол…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.