Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки.
Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.
Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.