Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.

Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.