Три лица се повредени во две одделни сообраќајки во кои учествувале малолетни возачи на мопед.

Првата во СВР Куманово било пријавена пријавена вчера во 12.15 часот. Според пријавеното, на локалниот пат Куманово-с.Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Во Полициската станица Кочани, пак, во 18.40 часот било пријавено дека на ул.„Раде Кратовче“ во Кочани, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани, удрил во паркирано патничко возило „мини морис“, со кочански регистарски ознаки, сопственост на И.И.(36) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од Кочани, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.