Патничко моторно возило се превртело претпладнево кај Плетвар, 61 – годишна жена била пренесена во Градска болница Прилеп, потврдија за МИА од МВР.

Денеска околу 9.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај село Тројаци на превојот Плетвар, се превртело патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(61)од Скопје. С.Л. е пренесена во Градска болница Прилеп, појаснија од МВР.

(фото: МИА)

Неофицијално, жената нема сериозни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.