Вечра во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.