Вчера околу 19.00 часот на Градски стадион во Тетово, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите од ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Струга Трим Лум“ од Струга, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.М.(18) од кичевско Жубрино затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице.

Од СВР Тетово велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.