Вчера во 12:30 часот во СВР Тетово, 35-годишен гостиварец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од туристичка агенција од Тетово.
Според пријавеното, тој резервирал патување за годишен одмор во Албанија и уплатил 530 евра. Според пријавеното, на 10.08.2024 тие отишле во хотелот каде им било кажано дека нивната уплата изнесува 400 евра.
Веднаш го побарал вработениот во агенцијата, кој рекол дека ќе му бидат вратени парите кога ќе се врати од одморот, но денеска кога бил во агенцијата, истото лице му кажало дека не враќаат пари.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.