Улиците во Скопје се претворени во „руски рулет“. Излегуваш од дома и не знаеш дали ќе се вратиш. Се молиш, некоја пијана или трезна будала да не те „собере“ на улица и да завршиш на КАРИЛ или може уште полошо.

За еден ваков настан раскажува скопјанецот Љупчо Ангелов на социјалните мрежи. Вели „за малку ќе не прегазеше еден човек на зелено уклучено за пешаци“ и додава дека е лут поради тоа што сме дозволиле да станеме „Див запад“ каде ништо не функционира и не се почитуваат законите.

Настанот се случил на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во петокот 15 минути после 21 часот.

Си прелета на црвено без око да му трепне. Да не изреагиравме бргу и да се вратиме назад на тротоарот, ќе не смачкаше како муви“, раскажува Љупчо.

Toj додава дека тој е сведок на вакви настани кои секојдневно се случуваат, и не само тука, туку на булеварите „Партизански одреди“ и „8-ми септември“.

Не може никој на овие мајмуни да им објасни дека колата, џипот или моторот не е за демонстрирање сила, односно лечење фрустрации, туку е средство кое треба да те пренесе од точка А, до точка Б. Безбедно, како за тебе и тие што ги возиш, така и за останатите учесници во сообраќајот“, вели Љупчо во својата фејсбук објава.

Се чини дека освен брзото и лудо возење има уште една затрашувачка појава, а тоа е зголеменото насилство во сообраќајот. Полициските билтени, секојдневно се полнат со мали и поголеми инциденти поврзани со предност и несогласување на улиците. Многу често читаме за физички пресметки и обид за убиство. За ова пишува тој во својот фејсбук статус.

Да не зборам дека ако му дигнеш рака со негодување на некој таков, може да искочи од кола и да те претепа, а нема да ме зачуди и пиштол да извади и да ти го стави на глава“, додава тој во својата фејсбук објава.

На крајот на својот фејсбук Љупчо удира директно во сржта на проблемот.

ОВА ЛУДИЛО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ! Апсолутно не ме интересира дали Таравари или некој друг ќе влезе или нема да влезе во владата. Не ме интересира ни Пендиков, ни Мендиков, ништо повеќе не ме интересира од мојата лична безбедност и безбедноста на моите блиски. Уште сум избезумен и многу, многу лут што дозволивме да станеме „Див запад“, каде што не владее законот, туку „колтот“, односно „посилниот“, заклучува тој.

Целиот фејсбук статус:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.