Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда – Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот” во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.