Осуденото лице Л.Г. од Струга, кој вчера при апсењето за дрога повреди двајца полицајци, но беше брзо совладан, е во притвор.
Но МВР вчера ја разгоре дилемата, како ова лице се води дека издржува затворска казна од 7 години во “Идризово”, а го наоѓаат и апсат во Ресен?
Л. Г. бил осуден на 7-годишна затворска казна за продажба на дрога, во друга судска постапка.
Неофицијално, за мистеријата ќе биде известено Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што е одделението за гонење службени лица со полициски овластувања.
Л.Г. , кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело ‘напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста’. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола, кажа вчера помошник-министерот во МВР Тони Ангеловски дека Л.Г. требало да биде всушност во затвор.
Л.Г. е дел од четиричлена група кој продава дрога и заклучно со вчерашната акција, комплетирана во притвор е целата.
Дрогата била фатена уште на 14 септември, „затвореникот” Л.Г. бил фатен дури вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.