Во големата вчерашна акција на ГП Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци, објави „А1он“.

Претреси имало и во домовите на командирот и заменик-командирот.

Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, пишува порталот.

Уапсените негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. Од МВР официјално се уште се немаат огласено во врска со случајот, а се очекува деталите да бидат изнесени денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.